Општина Крушево троши помалку за улично осветление, а добива подобра услуга
Локалната самоуправа работи домаќински и економично и тоа во неколку наврати го покажаа Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и неговиот тим.
За новиот распишан тендер предвидено е да се потрошат до 300 000 денари што повторно претставува помала сума од она што се потрошила изминатите две години. Ако во 2016 и 2017 година се потрошиле 886 666 и 627 475 денари, соодветно, сумата која е планирана и со новата јавна набавка годинава е помала од претходните години.
Разликата помеѓу одржувањето на уличното осветление сега и од страна на претходната власт е огромна. Во првите 7 месеци целосно се осветлија населените места, односно првите неколку месеци се работеше на поправка на селективното менаџирање со уличното осветление од претходните години. Денес имаме пониска цена, а подобрена услуга за граѓаните.
Граѓаните мора да добиваат соодветни услуги за она што го плаќаат тие, без оглед дали се работи за граѓаните на град Крушево или населените места.
Општина Крушево исто така напоменува дека во однос на осветлението на платото на „Гумење“ се надлежни спомен куќата „Тодор Проески“ и НУ Историски музеј.