ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКАТА „НЕБЕСЕН БАЛ“ од Елена Христоска

Во рамките на мифестацијата „Крушево град на културата 2014г.“ во просториите на Домот на култура „Наум Наумоски – Борче“ во Крушево се одржа промоција на новата книга на младата поетеса од Крушево – Елена Христоска насловена ,,Небесен бал ‘’.

,,Небесен бал’’ е втора стихозбирка на Елена , преку која ја споделува љубовната поезија за читателите, како доказ дека секоја една душа сама по себе е една поемаи секое искрено напишано парче хартија кон кое ќе го отворите вашето срце е оригинално и незаменливо дело.

Промотор и рецезент на стихозбирката е професорот Никола Јованоски кој изјави:
-Низ триесетината лирски созвучја младата Христоска не пренесува онаму каде што во денешно време тешко се доаѓа,не пренесува во нашите сетила,нашите чувства и ни ја наметнува размислата дали патем некаде ги подзаборавивме чувствата или најмалку подзаборавивме нив да ги споделуваме. Ваквиот пристап на младата поетесе секако дека е обид за миг да се потсетиме на дамнешните времиња кога љубовната лирика била единствениот начин на пренесување на чувствата. Се надеваме дека оваа нејзина втора стихозбирка дава надеж дека од нејзиното перо допрва ќе очекуваме уште многу вакви и можеби повозвишени стихови.