Промотивно видео за Крушево со извидничките одреди од Крушево и Прилеп и организацијата Агтис

Невладината организација Агтис со извидничките одреди Феникс од Прилеп и Стара Корија од Крушево снимија промотивно видео на полетиштето на Мечкин Камен во што учествуваше и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Овој видео материјал е дел од проектот „Координати на културата“ поддржан од Министерството за култура.

Со ова видео се презентираше дел од она што Крушево го нуди преку извидништвото како уште една можност за активирање на младите.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк.