Агенцијата за туризам одвои 1 200 000 денари за развој на туризмот во Крушево
За набавка на вештачката трева за полетиштето на Мечкин Камен Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот одвои 1 200 000 денари, а тревата ќе биде поставена во Крушево во наредните месец дена.
За градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ова е доказ дека Крушево има поддршка од централната власт во областа на развојот на туризмот.
„Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот сериозно се фокусира на Крушево и ја помага нашата работа во областа на туризмот. Со нивна помош го опремуваме полетиштето на Мечкин Камен и го подготвуваме за претстојните меѓународни параглајдинг натпревари.“, изјави градоначалникот Христоски.