Нова противпожарна опрема за ТППЕ Крушево
Компанијата Армор Плус Скопје донираше противпожарна облека за противпожарната служба во Крушево.
Во пресрет на Денот на пожарникарството 20 мај Градоначалникот Томе Христоски и командирот на територијанта противпожарна единица Шули Ангелески ја примија опремата во кабинетот на градоначалникот.
„На помалку од 2 недели до 20 мај – денот на пожарниакрството и во пресрет на летото ја добивме оваа опрема во соработка со Армор Плус Скопје и дополнително ја модернизиравме противпожарната служба. Со ова се грижиме за безбедноста на нашите сограѓани и вложуваме во она што вистински им е потребно“, изјави градоначалникот Христоски.