Се санира штетата на осветлението околу Езеро
По нанесената штета на осветлението околу Крушевско Езеро денеска се работи на возобновување на канделабрите и ставање во функција на осветлувањето.
Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски преку социјалните мрежи најави дека за скоро пешачката и велосипедската патека околу Крушевско Езеро ќе бидат оспособени.
„Се санираат штетите што се направени од вандалското однесување на непознати лица над уличното осветлување околу Езеро, се монтираат нови канделабри и нови лед сијалици и пешачката зона околу езеро наскоро ќе биде оспособена и осветлена.“ порача Градоначалникот на Општина Крушево преку својот Фејсбук профил.