Јавен повик за изработка на урбанистички планови
Градоначалникот на Општина Крушево распишува јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Крушево.
Сите заинтересирани правни и физички лица можат да ги достават своите иницијативи во писмена форма до архивата на Општина Крушево или информацискиот систем на е-урбанизам, а рокот за поднесување иницијативи изнесува 33 дена почнувајќи од денес, 17.04.2018, до 19.05.2018.
Во продолжение можете да го погледнете јавниот повик: