Христоски во проверка на состојбата со Црна Река, Комуна ќе го санира насипот
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес, 24.03.2018, го посети село Бучин каде што водостојот на Црна Река е на критично високо ниво и постои опасност од излевање.
По посетата Градоначалникот Христоски најави дека заедно со директорот на ЈП „Комуна“ ги преземаат сите чекори за спречување и превенирање од евентуално излевање на реката.
„Од понеделник во село Бучин ќе биде присутна екипа на „Комуна“ и соодветна механизација за санирање на насипот покрај реката. Евентуално излевање на реката може да предизвика голема материјална штета за жителите на ова село“, порача Градоначалникот на општина Крушево.