Општина Крушево доби 500 000 евра од ЕУ за развој на туризмот и локалниот економски развој

LRCP-Slider2-1

Општина Крушево е првата општина во Македонија која оваа година доби финансиски средства од Европска Унија во износ од 499 000 евра за унапредување на туризмот  и поттикнување на локалниот економски развој во град Крушево.

Во проектот се опфатени реконструкција на спортска сала и проширување на нејзината намена, поставување на сувенирници, патокази за туристичките и историските локалитети, организација на настан „Во недопрената природа на точак – Крушево 2018“ и други.

„Проект за локална и регионална конкурентност“ е дел од 4-годишно инвестирање со финансиски средства од ИПА 2 програмата на ЕУ, а истиот е администриран од страна на Светска банка.

Во овој проект општина Крушево ќе учествува со 4 милиони денари при имплементацијата а главен координатор на проектот е Кабинетот на Заменик претседателот на владата за економски прашања