Христоски на заеднички ручек со Унгарскиот амбасадор по повод „Недела на унгарската гастрономија“

41cb3c47c4ac13e760644353bcb6df76.0[1]

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски денес, 15.03.2018, присуствува на заеднички ручек со Амбасадорот на Унгарија Неговата Екселенција господинот Ласло Дукс и градоначалниците од повеќе општини по повод „Недела на унгарската гастрономија“.

Ручекот и средбата со Унгарскиот амбасадор се одржа во ресторанот Пелистер во Скопје, а Градоначалникот Христоски разговараше со Амбасадорот за продолжување на соработката меѓу Општина Крушево и Амбасадата на Унгарија која беше зачната при посетата на унгарската делегација во Крушево.

„Убаво е кога комуницираме со Амбасадите во Македонија и преку вакви настани и се запознаваме со културите на други држави.“, изјави Градоначалникот Христоски.