Градоначалникот одржа средба со претставници на Амбасадата на Јапонија во Македонија
Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и претставници на локалната самоуправа вчера, 13.02.2018, одржаа средба со претставници од Амбасадата на Јапонија во Македонија во однос на програмата „Grant Assistance for Grassroots Human Security Projects (GGP), која предвидува помош при имплементација на проекти од областа на основните човечки потреби.
По средбата Градоначалникот на Општина Крушево изјави дека локалната самоуправа ќе продолжи да комуницира со претставници на пријателските земји во Македонија и ќе соработува во интерес на решавање на проблемите на граѓаните.
„Наша цел е да имаме добра комуникација со странските Амбасади во Македонија и заеднички да работиме на решавање на проблемите со граѓаните“, потенцира Градоначалникот Христоски.