Се активира превозната линија Крушево-Битола-Крушево
На барање на граѓаните Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски директно се вклучи во посредување за повторно воспоставување на превозната линија Крушево-Битола-Крушево.
Превозната линија, која започнува со работа од денеска, ќе сообраќа во 7 и 20 часот наутро од Крушево, а од Битола поаѓањето ќе биде во 16 и 30 часот.
Фирмата „Ѓоко Транс“ подолго време не сообраќаше на оваа линија, но почнувајќи од денес граѓаните ќе можат да ги користат превозните услуги на оваа релација.