Општина Крушево набави ново пожарникарско возило
Општина Крушево преку Пелагонискиот плански регион, во соработка со Министерството за локална самоуправа набави ново пожарникарско возило.
Возилото е марка „Ивеко“, а е набавено со учество на Општина Крушево од 20 илјади евра.
Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски порача дека општината мора да биде функционална, а дел од тоа е и противпожарната служба.
„Возило за противпожарната служба е неопходно и затоа набавивме целосно ново кое ќе биде веднаш ставено во функција. Општината мора да биде функционална, а од тоа не може да се исклучи противпожарната единица“, изјави Градоначалникот Христоски.