Екс-градоначалникот потрошил 2 000 евра за лап топ и телефони
Екс-градоначалникот на Општина Крушево Ѓорѓи Дамчески на крајот на 2016 година за себе и своите вработени си купил еден лаптоп и повеќе телефони во вкупна сум од 119 илјади денари.
Дамчески набавил лаптоп од марката Дел во износ од 35 000 денари и самостојно си доплатил уште 10 000, а набавил и 3 телефони марка Хуаве П9 Лајт во вкупен износ од 56 970 денари.
Во сметка од 119 илјади денари или скоро 2 илјади евра што општина Крушево ја платила на Македонски телеком и потпишала договор на 2 години на 15-ти декември 2016 набавени се и телефони Алкател, Самсунг Галакси Ј3, Леново и Хуавеј П8 Лајт.