Исплатени надоместоците на советниците од претходниот состав на Совет на Општина Крушево
Исплатени се долговите кон советниците од претходниот состав, за кои Градоначалникот Томе Христоски објави дека Општината им должи средства за 3 месеци.
Градоначалникот Христоски е дециден и вели дека вакви работи не смее да се случуваат.
„Не смееме советниците да ги оставиме без она што им следува, тие не смеат да чекаат со месеци за да ги добијат средствата кои им следуваат. Локалната самоуправа мора навремено и во целост да ги исполнува своите обврски.“, вели Христоски.