Ќе се изгради споменик на вечниот дом на Тоше Проески
Министерот за култура Роберт Алаѓозоски потврди дека Владата на Република Македонија обезбеди средства за изградба на споменик на вечниот дом на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески.
Во текот на вчерашниот ден на владина седница беше усвоен предлогот за изградба на споменик на нашиот Тоше и конечно тој ќе добие мало признание за своето животно дело.
Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, уште во предизборната кампања, од Крушево, најави дека споменот за Тоше нема да биде заборавен.