СООПШТЕНИЕ за организирање на јавна анкета и јавна презентација по АУП за комплекс градби во Индустриска зона Опаленик, КО Алданци, Општина Крушево

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 62 точка 16 од Статутот на Општина Крушево и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Крушево за 2017г. со бр. 08-156/7 од 14.02.2017г., од Советот на Општина Крушево, Градоначалникот на Општина Крушево го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање на јавна анкета и јавна презентација по Архитектонско урбанистички проект за комплекс на градби во градежна парцела ГП 1(3-4-5-6) со намена на градба Г2 – лесна и незагадувачка индустрија од Архитектонско урбанистички проект за формирање на градежна парцела ГП 1(3-4-5-6) со намена на градба Г2 – лесна индустрија во Индустриска Зона Опаленик, КО Алданци, Општина Крушево.

За повеќе информации следете ги линковите подолу.

Соопштение за ЈА и ЈП по АУП

Анкетен лист за ЈА и ЈП по АУП