Промовирана првата стихозбирка на крушевчанката Агапи Чункоска
Во просториите на Домот на култура „Наум Наумоски – Борче“ во Крушево, беше промовирана првата стихозбирка на крушевчанката Агапи Чункоска.
Стихозбирката, насловена „Патоказ“ е прва книга напишана од Агапи Чункоска за која таа ќе каже: „Ова се песни кои се творени во различни периоди од мој живот. Понекогаш животот знае да не изненади, но ние треба да продолжиме да чекориме понатаму и да не се предадеме на несреќите“.
“Авторот на овие несекојдневни стихови ни го доловува убавиот пишан збор, кој предизвикува наплив на чувства кај читателот. Чункоска ни е позната и по нејзините заложби во образованието каде што го исполнува својот работен век, а оваа нејзина прва стихозбирка истакнува уште една нејзина вештина. И честитаме за нејзината прва книга, и очекуваме уште многу други кои ќе излезат напишани од нејзиното перо“ – истакна пак промоторот и рецензент, Никола Јованоски.