Учениците од IIа одделение од ООУ „Никола Карев“ Крушево му посакаа среќни велигденски празници на Градоначалникот на Општина Крушево
По повод престојните Велигденските празници, учениците од IIа одделение од ООУ „Никола Карев“ Крушево го посетија Градоначалникот на Општина Крушево подарувајќи му прекрасни велигденски изработки, изработени од вредните рачиња на учениците и нивната наставничка Надежда Маркоска. Рецитирајќи велигденски песни посакаа среќни велигденски празници.
Градоначалникот се заблагодари за вниманието и искажувајќи пофалби за креативноста на учениците им посака успех во учењето, добро здравје, среќа и безгрижно детство.