По повод објавата на Адвокатот Ѓоко Гажоски: „ Случајот „Труст“ и Сеад Кочан; Јоска Транс и Ѓорги Дамчески – сличности и разлики“

Единствено со што не можат да се помират гласноговорниците на СДСМ и платениците на СОРОС е фактот што расчистувањето на улиците од снег во зимската сезона 2016/2017 беше беспрекорно и навремено изведено на целата територија на Општина Крушево.

Како никогаш досега во минатото, беше овозможено непречено одвивање на сообраќајот дури и на тешки товарни возила.

Истото е резултат на набавената JCB машина, опремена со плуг за чистење на снег за чија набавка советничката група на СДСМ – Крушево гласаше против.

 

Кабинет на Градоначалник,

Општина Крушево