Градоначалникот на Општина Крушево им го честита 8-ми март на припадничките на понежниот пол
По повод 8-ми март, меѓународниот ден на жената, Градоначалникот на Општина Крушево, Ѓорги Дамчески ги посети погоните на фабриките „Фалко“ и „Секе“ и на вработените им го честиташе празникот и им посака многу здравје, среќа и успешни мигови во иднина, подарувајќи им каранфил.
Воедно, Градоначалникот упатува честитки за среќен празник на сите припаднички на понежниот пол од Општина Крушево.