ДЕВА – во чест на Христовото раѓање
Покрај Витлеем во Израел, Крушево е единственото место во кое се одбележува Христијанскиот празник „Дева“. Главната симболика на овој празник е Витлеемската ѕвезда, која била предвесник на Христовото раѓањето. Дева е славење на ѕвездата која ја следеле мудреците.
Според адетот, малите деца кои ги симболизираат ангелите, со ѕвезда во рацете одат по домовите на крушевчани и пеејќи „Дева денес го раѓа превечниот Бог“, го предвестуваат Христовото раѓање.
Четврта година по ред, секој 5ти јануари учениците од СОУ „Наум Наумоски Борче“ во соработка со Општина Крушево и локални угостители, претставници на организациите на жени на град Крушево и секако индивидуални производители на свеќи и икони, со благослов од свештениците, го одбележуваат празникот Дева на еден интересен и уникатен начин, со цел претставување на Христовото раѓање.