РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ВО ПЕРИОДОТ 2013-2016 год. ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ВО ОПШТИНА КРУШЕВО

Се  реконструира  локалниот пат Кривогаштани – с.Свето Митрани – с. Милошево – с. Пресил – с. Бучин во вкупна должина од 7км.

Реконструкцијата опфаќаше проширување на коловозот на 3,5 метри,  гребење на постоечкиот асфалт, тампонирање и поставување на нов слој асфалт.

Вкупна вредност на проектот изнесува 430. 000 ЕУР, средства обезбедени од Светска Банка и Европска Инвестициона Банка.

 

Се поплочија со бекатон плочки повеќе пешачки улици во с.Свето Митрани:

1. Крак 2, во вкупна површина од 953,87 м2.

2. Крак 3, во вкупна површина од 577,13м2. Средствата во висина од 602. 330 денари беа обезбедени  од Светска Банка , со грант преку Министерство за финансии на Р.Македонија.

3. Крак 5, во должина од 200м. Средства во висина од 693. 950 денари обезбедени  преку Јавното претпријатие за државни патишта на Р.Македонија.

 

Со подршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,  во с.Бучин се асфалтира улица со вкупна должина од 1км. Вредноста на инвестицијата е 4. 453.900 денари.

 

Со средства обезбедени од ЕУ ИПА грантот за рурална инфраструктура, во висина од 4.565 788 денари без ДДВ, се асфалтираа улици во с.Врбоец, улица 1 и улица 2, во вкупна должина од 1.177м.

 

Со бекатон плочки се поплочија и пешачки улици во населените места:

– с. Врбоец , во  површина  од 185m, пешачка патека кон училиштето.

– с. Норово , во површина од 175mпешачка патека кон училиштето

– с. Пуста Река , во површина од 285m2

 

Со заеднички заложби на локалната самоуправа Крушево, Рудник Демир Хисар АД, Сопотница и Даки Даме Транс ДООЕЛ, с. Белче се тампонира пристапниот пат до манастирот Св. Ѓоргија во с.Бучин, во должина од 1,5 км.  Локалната самоуправа партиципираше со финансиски средства во висина од 40.000 денари.

 

Се тампонираа повеќе локални патишта и улица

– с. Бучин – тампонирани 5км патишта

– Извршен ископ на канал, затрупување и рамнење на улици во с.Пресил

– Локален пат Борино-Житоше во должина од  1.2км