Крушево ќе добие две тениски и едно повеќенаменско игралиште
Согласно издаденото одобрение за градба на две тениски и едно повеќенаменско спортско игралиште, од страна на Општина Крушево и претставници на Агенцијата за спорт и млади на Р.Македонија, спортските игралишта беа воведени во градба.
Спортските игралишта се состојат од два тениски терени и едно повеќенаменско спортско игралиште, сместени на спортските терени на Гумење.
Општина Крушево пред воведувањето во градба ги испoлни сите услови за отпочнување со градба што значеше рамнење и нивелирање на теренот каде ќе се сместени спортските игралишта.
Инвеститор на спортските игралишта е Агенцијата за млади и спорт на Р.Македонија.
Изведувач на градежни активности – ЖИКОЛ ДООЕЛ – Струмица
Рокот на изведба е пет месеци од денот од воведување во градба.
Инвестицијата е вредна 20.000.000 денари
Со ова продолжуваат активностите за уредување на спортските терени на Гумење, а со тоа и овозможување на граѓаните поквалитетни услови за спортување.