Колку да се знае – по повод памфлетот – Крушевчани бараат одговор !

krusevo

Долгот на општина Крушево во изминативе три години забележа тенденција на постојано намалување  од наследените 21,5 милион денари на 01.04.2013 година со превземањето на функцијата Градоначалник од Ѓорѓи Дамчески за период од три години долгот е намален за девет милиони денари и на 31.12.2015  изнесува 12,5 милиони денари.

Што се однесува до долгот кон ТАГАС БАЛКАН Дооел – долг од 51, 380 денари, чесно е да се каже дека тоа е долг за период од три години (2013,2014 и 2015 година) .

Општина Крушево и понатаму ќе ги користи производите од ТАГАС БАЛКАН како еден препознатлив бренд за Крушево во секоја пригодна прилика.

Доколку нарачателите на овој памфлет имаат информации за некаков рекет од страна на општина Крушево Ве замолуваме сите засегнати да се обратат до надлежните институции.