Свечено отворен 14-от европски шампионат во параглајдерство

Со церемонија за свечено отворање беше прогласен стартот на четиринаесеттиот европски шампионат во параглајдерство.

Шампионатот ќе се одржува на Мечкин Камен во Крушево, во периодот од 10-20 август, а ќе учествуваат вкупно 30 репрезентации.

Крушево продолжува да ги привлекува љубителите на алтернативните спортови и да претставуваа пожелна дестинација на сите кои сакаат да уживаат во овие спортови.

За сите други, посетете го Крушево во овој период и восхитувајте се на несекојдневните глетки на небото над Крушево.