Свечено отворено 19-то Европско првенство во змејарство класа 1 (Hanggliding) и 7-то Светско Првенство во змејарство класа 5 (Rigid wings

Во периодот од 16-ти до 30ти јули 2016 година, небото над Крушево ќе биде арена за овие две значајни првенства во слободно летање, а вие ќе имате можност да уживате во убавините на природата и да ги следите трките на најдобрите пилоти во оваа дисциплина на слободно летање.

Натпреварите ќе се одржуваат над целиот пелагониски регион, а стартните точки ќе бидат поставени во Крушево, поточно од Мечкин Камен. Благодарение на совршените услови кои ги нуди ова поднебје, пилотите во крос кантри дисциплината ќе имаат можност да прелетаат и по 200 километри во една трка. Имајќи ги предвид преубавите природни пејсажи на регионот и поволните услови за летање, учесниците во првенството ги очекува исклучително адреналинско искуство.

Првенствата беа свечено отворени со дефиле на многубројните учесници од 22 репрезентации и културно уметничка програма.

Благодарност до сите оние кои дадоа свој несебичен допринос во уредувањето на стартот и можноста овие првенства да се случат токму во нашето убаво Крушево.