Уреден стартот за параглајдинг на Мечкин Камен

Со заеднички заложби на Општина Крушево, USAID-CARANA Corporation, клуб за воздухопловни спортови „ХЕЛИ КЛУБ“ Крушево и Воздухопловна федерација на Р.Македонија, извршено е тампонирање и поставена е вештачка трева на полетиштето за параглајдинг на Мечкин Камен.

На овој начин  продолжува уредувањето на стартот за параглајдинг на Мечкин Камен во Крушево.