Учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево со бронзен медал на Меѓународниот кулинарски фестивал „Бисер мора“ во Хрватска
Учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево на средбата со Градоначалникот на Општина Крушево ги искажаа своите искуства и доживувања од кулинарскиот фестивал „Бисер Мора“ во Брач, Хрватска, а од негова страна примија честитки и желби за уште поголеми успеси.
Имено, во периодот од 07 – 10.04.2016 година, во Супетар, остров Брач, Хрватска, се одржа 11-от Меѓународен кулинарски фестивал „Бисер мора“.
Во конкуренција од 14 средни угостителски училишта од Супетар, Трогир, Будва, Љубљана, Шибеник, Загреб, Котор, Сплит, Марибор и Гевгелија, учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево – Ице Дамчески, Денис Велјаноски и Бојан Стојчески, под менторство на професорката Оливера Карева Скола, освоија бронзен медал.Нивното мени се состоеше од: предјадење – македонска рапсодија, главно јадење – крушевска ролада и десерт – пијана круша.
Учениците се натпреваруваа во категорија ЈТ1 – школско тимско натпреварување.