ТУТУНСКИОТ ГИГАНТ S.E.K.E. S.A ИНВЕСТИРА ВО КРУШЕВО
Потпишан договор за купопродажба на градежно неизградено земјиште во индустриската зона „Опаленик“, помеѓу локалната самоуправа и тутунскиот гигант „S.E.K.E. S.A“од Грција.
По пат на електронско јавно наддавање,„S.E.K.E. S.A“ откупи 4,1ха во индустриската зона „Опаленик“, на кои ќе се изградат капацитети за откуп и преработка на тутун.
Вредноста на инвестицијата изнесува 5.000 000 EUR.
Изградбата на капацитетите се предвидува да започне во втората половина на 2016г. и да обезбеди отворање на 250-300 работни места.
Договорот претставува крунисување тригодишниот труд на локалната самоуправа за конечно (по децении заложби) оформување на индустриска зона со што се создадоа основни предуслови за привлекување на инвеститори и реализирање на програмата за економско заздравување на општината.
Конкретен чекор кон реализирање на девизата „Да изградиме град за туристи, а не град од туристи“.
Локалната самоуправа изразува благодарност до Владата на Р.Македонија и сите институции кои беа вклучени во донесувањето на ЛУПД за индустриската зона, а особено до вработените и екс-директорот на Агенцијата за просторно планирање, Г-дин Огнен Апостолоски кој безрезервно се посветија на изработка овој проект.
Влезот на “S.E.K.E. S.A“ во индустриската зона во Крушево ќе претставува пример и поттик и за други инвеститори да вложат во Крушево и е доказ дека и помалите населени места се интересни за вложување и оплодување на капиталот.