Караванот „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ во Крушево
Караванот „Купи куќа за млади “ и „Купи куќа, купи стан“ вчера, во просториите на ООУ „Никола Карев“ во Крушево одржа презентација посветена на проектите.
Присутните детално се запознаа со постапката, начините за аплицирање, добивање и користење на средствата намените за проектите.
Од општината истакнаа дека исто така предвидена е населба каде ќе се нудат парцели за изградба на 100 индивидуални станбени објекти, за која се води постапка за усогласување на урбанистичкиот план.
За дополнителни информации за наведените проекти, заинтересираните може да се обраќаат во Управата за јавни приходи во Крушево и Општина Крушево.