Одобрен грант за ООУ „Св. Кирил и Методиј“ с. Бучин
Општинското основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Бучин успеа да се вброи меѓу 13-те основни и средни училишта од Македонија кои ќе добијат грант во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието.
Успехот е поголем ако се знае дека конкуренцијата беше огромна и апликацијата се одобри во конкуренција од 207 пристигнати апликации од целата земја од основните и средните училишта.
Деновиве во училиштето се оформи тим за реновирање кој треба да одлучи кои се приоритетите за реновирање на училиштата во Бучин, Пресил и Свето Mитрани. Активностите за реновирање ќе се одвиваат во текот на летниот распуст, со што новата учебна година ќе започне во подобри услови за работа.
Преку истата програма ООУ „Св. Кирил и Методиј“ доби и друг мал грант, преку кого се набавија спортски реквизити за учениците и ќе се постават два коша за играње во училишните дворови во подрачните училишта во Пресил и Свето Mитрани, со што ќе се подобри наставата на часовите по ФЗО.