II место во одбојка за учениците од ООУ „Никола Карев“ Крушево
На средбата во Општина Крушево, Градоначалникот Ѓорги Дамчески ги поздрави учениците од ООУ „Никола Карев“ од Крушево и им го честиташе освоеното второ место на натпреварот во одбојка, притоа посакувајќи им уште поголеми успеси како во спортот така и во учењето.
Учениците од ООУ „Никола Карев“ се натпреваруваа на Државното првенство на основни училишта во одбојка – мажи, кој се одржа во општина Василево од 03-05. 03.2016г. а беше организирано од Федерацијата на училишни спортови на Македонија – Скопје.
Ова е само еден показател како успешно се негува спортот уште од најрана возраст со надеж дека тоа ќе придонесе во развојот на успешни личности во иднина.