Фото галерија од хуманитарната детска модна ревија „Подај рака“
По иницијатива на Менторот Проф. м-р. Ванѓа Димитријева Кузманоска, а во соработка со ООУ „Никола Карев“ од Крушево, во просториите на Спомен куќата на Тоше Проески за прв пат во Крушево се оджа хуманитарна детска модна ревија под мотот „Подај рака“.
„Детските модели изработени од студентите на ТТФ при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип хуманитарно беа поделени на децата на кои им се најпотребни и тоа за големиот христијански празник Свети Никола, за сите деца да бидат среќни“ – истикна професорот Ванѓа.
Градоначалникот на Општина Крушево и локалната самоуправа ја поздравија хуманитарната акција со честитки за убавиот гест и им посакаа уште поголеми успеси на студентите и нивниот ментор во нивната понатамошна работа.
Уживајте во фото галеријата од модната ревија.