Одржана работилница за унапредување на човековите права и заштита на малцинствата во ЈИЕ
Во рамките на зедничкиот проект на Европска Унија и Совет на Европа „Промоција на човековите права и заштита на малцинствата во Југоисточна Европа “ , во Крушево се одржа работилница посветена на Рамковната конвенција за заштита на малцинствата и Европската Повелба за регионални или малцински јазици, организирана од страна на Секретаријатот на Совет на Европа задолжен за овој проект.
Целта на работилницата беше претставниците од Совет на Европа да ја пренесат поблиску и воедно да ги запознаат претставниците на петте општини опфатени со проектот, со Конвенцијата на Совет на Европа која пак е единственит правно обврзувачки инструмент за заштита на националните малцинства.
Покрај ова беа разгледани и меѓусебно споделени активностите од проектите кои се спроведуваат на локално ниво во општините Крушево, Сарај, Старо Нгоричане, Тетово и Центар Жупа финансирани токму преку Совет на Европа и што се постигнало во насока на унапредување на правата на малцинствата токму преку овие проекти.
После работниот дел, учесниците на работилницата ја посетија и поставката „Влашка одаја“ кој е отворена како дел од активностите на проектот „Промоција на влашката култура“ финансиран токму преку оваа програма на Европска Унија и Совет на Европа.