Одбележан 8-ми Септември
8-ми септември Крушево го прослави двојно. Имено се одбележа Денот на независноста на Република Македонија но и Денот на ослободувањето на Крушево. По тој повод беше положено свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и беше одржана свечена Седница на Советот на Општина Крушево на која беа доделени пофалници и соодветни парични награди на ученици од IV – IX одделени, првенци на генерација од ООУ „Никола Карев“ за врвни достигнувања во областа на образованите:
IV одделение – Симона Рујаноска
V одделение – Михаела Талеска
VI одделение – Марија Стојаноска
VII одделение – Ивана Николоска
VIII одделение – Томислав Павлоски
IX одделение – Михајло Коруноски
Исто така беа доделени пофалници на ООУ „Никола Карев“ од Крушево за посебен придонес и афирмација на Општина Крушево во областа на спортот и на Сотир Маја, Билјана Стојаноска и Фани Ангелеска за посебен придонес во афирмацијата на културното наследство и традицијата на Крушево, преку активностите на „Културно Младинска Акција“ Крушево, како и признанија на Коста Топузоски од Крушево за посебен придонес во афирмацијата на Општина Крушево во областа на културата и ДГТ „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица за посебен придонес во развојот и унапредување на спортот во Општина Крушево со изградба на спортско игралиште во с.Пресил.
Одбележувањето на 8-ми Септември беше заокружено со звуците на прекрасните виолини на Пламенка Трајковска гудачкиот квартет кои по овој повод ја почестија публиката со прекрасен концерт во Крушево.