СООПШТЕНИЕ за организирање на јавна презентација и јавна анкета за предлог Урбанистички план за село Борино, Општина Крушево (плански период 2021 – 2031 година)
Се организира на јавна презентација и јавна анкета за предлог Урбанистички план за село Борино, Општина Крушево (плански период 2021 – 2031 година).
Границата на планскиот опфат го опфаќа селото Борино, КО Борино, Општина Крушево.
Вкупната површина во границите на планскиот опфат изнесува 79,58 ха.
Јавната анкета се организира со излагање на планот во Центарот за информирање на граѓаните на Општина Крушево и во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, а ќе трае 30 денови, почнувајќи од 18.01.2024 година до 16.02.2024 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам, а ќе биде објавена и на веб страната на општината www.krusevo.gov.mk.
Јавната презентација како стручно презентирање на планската документација се организира во рамките на јавната анкета и трае еден работен ден, а ќе се одржи на ден 30.01.2024 година, во 13:00 часот, во салата на Пензионерски дом Крушево.
Предлог Урбанистичкиот план за село Борино, Општина Крушево (плански период 2021 – 2031 година) во печатена форма ќе биде истакнат во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на општина Крушево и Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево.
Сите заинтересирани субјекти, физички и правни лица во предвидениот рок, на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки, мислења и предлози по предлогот на планот. Анкетните листови можат да се подигнат во соба број 23 секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
Соопштение за организирање на ЈА и ЈП УПС Борино
Анкетен лист ЈА и ЈП УПС Борино
Известување до субјекти за ЈА и ЈП УПС Борино