КРУШЕВО ГИ ОБЕДИНИ ПАРАГЛАЈДЕРИСТИТЕ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ
Убав сончев ден, долу пелагониско поле, горе бистро небо полно со параглајдери и змаеви расфрлани како цветови оддувани од ветрот.
Оваа глетка ќе биде многу честа ова лето во Крушево, нашиот највисоко поставен град кој важи за една од најдобрите европски и светски локации за параглајдинг и кој многу пати низ годините наназад се докажало како успешен организатор на параглајдинг и змајарски натпревари од различен тип и ранг.
Мечкин Камен покрај тоа што е познат историски и излетнички локалитет исто така е и главното збиралиште на сите оние кои се љубители на овој вид спорт, а оваа година ќе бидат присутни параглајдеристи и змајари буквално од целиот свет.
Почнувајќи од 20-ти јуни со отворањето на „Британскиот Отворен параглајдинг натпревар – British Open“ кој заврши на 27-ми јуни се означи и стартот на сезоната за параглајдинг и змајарските натпревари. Само еден ден покасно, на 29-ти јуни започна „Пред евроспски и унгарски шампионат во параглајдерство – Pre European and Hungarian Championship“ која ќе трае до 04-ти јули.
Доколку на сето овие атрактивни спортски натпревари, се додадат богатата културна програма, чистиот планинскиот воздух, гостопримливоста на крушевчани и ниските цени, искрено веруваме дека Крушево го очекува одлична туристичка летна сезона.
Закажани натпревари во Крушево:
– Британскиот Отворен параглајдинг натпревар – British Open 2015 / 20-27.06.2015
– Сериски Куп во парараглајдинг – „Krusevo Serial Cup“ / 19-24.07.2015
Главни места на полетување :
– „Источен Старт – Мечкин Камен“
На надморска висина од 1420м со поглед исток-североисток кон долината Пелагонија. Се наоѓа на неколку минути од градот Крушево и асфалтен пат оди до самиот старт. Кога ќе го земете параглајдерот од кола тој е веќе на местото каде што треба да биде отворен. Мрзливите пилоти би го сакале овој старт.
Тој има ниска трева и е на нагиб кој што е опкружен од големи дрва од јужната страна, кои што нудат дебели сенки во сончевите денови. Дежурните термики се на левата и десната страна од стартот. Понекогаш и право напред. Стартот нуди секаков вид на Cross-country летови. Вообичаени летови се до градот Прилеп на исток и назад, сите видови на триаголници и правци низ долината или на планините или долги летови на југ се до границата со Грција. Патната инфраструктура е префектна, и овозможува брзо враќање во градот.
– „Западен Старт – Мечкин Камен“
(1440m ASL) со правец запад-југозапад се наоѓа на 500м од „Источниот Старт“, исто така пристапноста со коли е возможна. Истите Cross-country трки можат да се летаат и од овој старт. Местата за слетување под овој старт се малку помали од оние во долината каде местата се многу големи и се вообичаено со трева. Овој старт се користи за почетници
така да слетувањето и користењето од страна на натпреварувачите е лесно.
Медиумска покриеност:
За прв пат годинава сите натпревари од овој тип кои ќе се одржат во Крушево ќе бидат медиумски покриени од престижното списание за екстремни спортови „Cross Country Magazin“ кое редовно известува на својата фејсбук страница за одвивањето на натпреварите https://www.facebook.com/xcmag