Повик до угостителите од општина Крушево

Општина Крушево ги повикува сите угостители да достават промотивни материјали кои ќе бидат изложени на меѓународен саем во Белград, Србија.

Во рамки на проектот „Крушево и Елбасан – признаена прекугранична туристичка дестинација“ општина Крушево ќе учествува на меѓународниот саем за туризам во Белград, Србија, од 23 до 26 февруари 2023г. Со цел овозможување бесплатна промоција во меѓународни рамки ги повикуваме угостителите да достават промотивен материјал за истиот да биде изложен на штандот на општина Крушево на саемот во Србија.

На саемот се очекуваат учесници од Европа и Светот и истиот претставува одлична можност за запознавање со она што дестинацијата „Крушево“ го нуди.

Материјалот може да се достави до општина Крушево секој работен ден од 8 до 16 часот најдоцна до 21 февруари.