Склучување договор за соработка со Министерство за дијаспора
Денес склучивме договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата на Република Северна Македонија, претставувана од Министерот д-р Џемаил Чупи – задолжен за дијаспората и Општина Крушево. Присутен беше и директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа Африм Ќоку.
Главна цел на овој договор и крупен исчекор е отворање функционална општинска канцеларија за соработка со дијаспората наречена ,,Центар за дијаспора”. Оваа канцеларија е осмислена да има посредничка улога и истата би служела како центар во кој на нашата дијаспора и се овозможува пристап до потребните информации и дополнителни насоки по основ на нивните права за соодветни постапки пред надлежните институции.