Опремени пожарникари, безбедни граѓани – честит Ден на македонските пожарникари
Почитувани,
ТППЕ Крушево е една од службите во нашата општина која има многу важна улога во секојдневието на граѓаните. Од нивната работа зависи нашата безбедност. Затоа е важно една единица да биде добро опремена за да може да ги спроведува своите активности ефикасно и да дава навремени услуги кон граѓаните.
Денот на македонските пожарникари 20 мај го одбележуваме во знакот на уште едно опремување на вработените во ТППЕ Крушево. Единицата доби опрема за вработените во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансиран од програмата за развој на Обединетите Нации. Вредноста на опремата е околу 1 милион денари.
Ова не е прв пат да се опремуваат пожарникарите, а единицата доби нов камион во 2018-та и ново теренско возило, а минатата година се реконструираа просториите на единицата.
На сите вработени во ТППЕ Крушево им го честитам 20-ти мај, Денот на македонските пожарникари.
Со почит,
Ваш градоначалник,
Томе Христоски.