Прекугранична соработка со Албанија, прв координативен состанок
Денес, 04.03.2022г., се одржа првиот координативен состанок во рамки на проектот „Крушево и Елбасан – призната прекугранична туристичка дестинација“, Програма за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија.
На состанокот се разговараше за почетната фаза на проектот и следните фази. Се започна со планирање на т.н. „меки“ активности, како што е градење на капацитетите на угостителскиот сектор, и инфраструктурните проекти кои треба да се реализираат на двете страни.
Гостите од Албанија, општина Елбасан и невладината „Тјетер Вижан“ (Tjeter Vizion), заедно со АЛКА – Центарот за одржлив развој, како партнери во проектот, го посетија и полетувалиштето за параглајдинг и уште неколку локалитети кои се средиште на развојот на туризмот во Крушево.