Градоначалникот на работилница за стратегијата на МЦМС
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски од 18-ти до 20-ти февруари учествуваше на работилница на Македонски центар за меѓународна соработка за креирање на стратегија за делување за периодот 2022 – 2026.
На работилницата членовите на советот на МЦМС разговараа за програмски и организациски приоритети, како и долгорочното функционирање на оваа организација.
„Продолжуваме со работа со членовите на советот во МЦМС и управниот одбор. Предизвици и воспоставување механизам на организацијата во кој правец би се движела во иднина. Организацијата поставува цели, задачи и соработка со фондови заради општествениот интерес.“, изјави градоначалникот Христоски по работилницата.
Градоначалникот на општина Крушево беше избран за член на МЦМС на 6-тата седница на советот на организацијата на 28 април 2021 и функцијата ја обавува 4 години.