Последна седница на советот за 2021-ва
Се свикува 6-тата седница на Советот на општина Крушево за 28-ми декември со почеток во 10 часот. Седницата ќе се одржи во Кабинетот на градоначалникот со следниот дневен ред:
1. Предлог-Буџетски календар на Општина Крушево за 2022 година;
2. Предлог-Буџет на Општина Крушево за 2022 година;
3. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Крушево за 2022 година;
4. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2022 година;
5. Предлог-Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2022 година;
6. Предлог-Одлука за користење на мобилни телефони;
7. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на одлуката за формирање на партиципативно тело за урбанистичко планирање;
8. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на УО на Домот на културата „Наум Наумовски-Борче“ Крушево;
9. Предлог-Програма за финансирање на изработка на Урбанистички планови за 2022 година;
10. Предлог-Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Крушево за 2022 година;
11. Предлог-Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Крушево за 2022;
12. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на општинските патишта и улици на Општина Крушево за 2022 година
Линк до предлог буџетот за 2022 година – КЛИК ТУКА