Промовирани две нови книги
Во Спомен куќата на Тоше Проески денес се промовираа две нови книги: „Странци со спомени“ на Ирена Блажеска и „Калемење на вечноста“ на Марија Нинеска.
– Младата авторка Ирена Блажеска преку согледување и давање на сопствени размисли на секојдневните соочувања на младиот човек со стварноста, не пренесува во светот на внатрешните спротивставености што оваа книга ја прават интересно четиво, особено за секој млад човек, додека пак Марија Нинеска пишувајќи на еден мошне изразит, продуховен и несекојдневен начин, употребувајќи го јазикот како алат со кој мошне вешто ракува, не удодстојува со уште едно духовно доживување и придвижување на несекојдневното и застојаното во нас – истакна промоторот и рецензент Никола Јованоски.
– Навистина ми е задоволство што денес сум присутен и во друштво на две млади писателки од Крушево за кои верувам и очекувам во иднина уште бројни нивни дела – рече Градоначалникот Ѓорги Дамчески.
Авторките видно задоволни од посетеноста на нивната прва промоција ги поздравија присутните и се заблагодарија на Градоначлникот на Општина Крушево за несебичните залагања на општината која го финансираше издавањето на нивните книги.
Извадоци од книгите читаа Марија Талеска и Ивана Петроска – членови на драмската секција на СОУ „Наум Наумоски Борче“ Крушево.