Апел за почитување на Ковид 19 мерките за Илинден
Почитувани угостители,
Во пресрет на големиот празник Илинден и Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ општина Крушево апелира на строго почитување на мерките и препораките за заштита и спречување на ширење на коронавирусот.
Почитувањето на мерките и препораките е во насока и на сертификација на Крушево како Ковид 19 безбедна дестинација.
Насоките за работа на кафулињата, рестораните, хотелите и други угостителски објекти можете да ги погледнете на линкот подолу.
Напомена: Протоколите за работа на угостителските објекти се образложени во прилозите под броевите 57, 58, 59.