Светското првенство во змајарство се одложува за 2023 година

Светското првенство во змајарство се одложува за 2023-та година, а истото требаше да се одржи од 17-ти до 31-ти јули 2021.

И покрај потврдата која општина Крушево ја доби, сепак заради откажување на неколку европски земји, САД и Бразил првенството заради Ковид-19 протоколите се одложува за 2 години од сега.

„Пред неколку седмици добивме потврда дека првенството ќе се одржи, но протоколите кои продолжуваат да важат, особено во европските земји, доведоа до тоа поголемите земји да се повлечат. Со оглед на тоа првенството на некој начин губи смисла и врз основа на тоа се одлага. Позитивната работа е што местото на одржување останува Крушево и ние во меѓу време ќе продолжиме со работа во областа на авантуристичкиот туризам и подобрување на условите за практикување на спортовите како параглајдерство и змајарство.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.