За Велигден јавното здравје на прво место

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и свештени лица од Крушево испраќаат пораки за одговорно празнување на големиот Христијански празник Велигден.

Градоначалникот Христоски одржа средба со претставници од Македонската православна црква од Крушево на кој се апелираше да се почитуваат мерките и препораките и насоките дадени од состанокот на високо ниво на централната власт.

„Повикуваме на одговорно празнување и на овие свети денови за Христијаните на прво место да ни’ биде јавното здравје. Доделуваме и количини на маски за црквите во Крушево, а ги повикуваме и претставниците на Исламската верска заедница од општина Крушево да подигнат заштитна опрема“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.