Поставена агрометеоролошка станица во Крушево
Поставена е агрометеоролошка станица во околината на компанијата „Еко Шар“ во Крушево со што ќе се олесни одгледувањето на земјоделски култури за целиот крушевски регион.
Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен развој“ спроведуван од Центарот за развој на пелагониско плански регион, а финансиски поддржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој поставени се 11 агрометеоролошки станици, меѓу кои и во Крушево. Земјоделците од овој регион ќе имаат поверодостојни информации за поуспешно одгледување на земјоделски култури.
„Заедно со Пелагониски регион поставивме ваква агрометеоролошка станица која треба да им ја олесни работата на земјоделците и да им дава навремени и точни информации за сите околности околу одгледувањето на културите. Овој проект покажува дека соработката што ја имаме со Центарот за развој на пелагонискиот регион продолжува и дава одлични резултати, односно заеднички имплементираме проекти во насока на барањата на конкретни групи на граѓани и според потребите кои се манифестираат на терен.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Повеќе информации можете да проследите на линкот подолу.
https://www.facebook.com/gogo.vidimche/videos/3812358045485062