Во петок почнува вакцинацијата против Ковид 19
Во петок започнува вакцинацијата во Крушево. Во првата фаза ќе се вакцинираат граѓаните над 77 години, а вакцините се веќе обезбедени.
Здравствен дом Крушево преку социјалните мрежи ги извести граѓаните дека до крајот на работната недела ќе започне вакцинацијата против Ковид 19 и обезбедени се вакцини за граѓаните над 77 годишна возраст.
„Почитувани, ЈЗУ Здравствен Дом Крушево вчера попладне ги прими првите дози на вакцини против Ковид 19 од производителот „Астразенека“. Вакцинацијата ќе ја спроведува редовната служба за имунизација при ЈЗУ Здравствен дом-Крушево.
Започнуваме од (петок) 02.04.2021, за пациенти над 77 години, со закажување преку апликацијата “Мој Термин” од страна на матичните лекари.“, стои во соопштението на ЗД Крушево.